ВМРО-ДПМНЕ: Филипче урива рекорди секој ден, бројката на починати од корона е скоро 1.000
Филипче урива рекорди секој ден. Црн петок за Македонија и граѓаните - заразени 934 лица.
Бројот на активни случаи надмина 9.000, а бројот на починати се движи кон 1.000.
Власта на Заев со својата неспособност прави состојбата со пандемијата од корона вирус да биде уште полоша. Секој ден Македонија руши рекорди на нови заразени и починати. Веќе сме земја во Европа која е црн рекордер по корона
статистиката.
Во државата корона вирусот се шири неконтролирано. Никој веќе не води сметка на кластери.
Во градинките од септември 33 деца се позитивни на корона вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца.
Во училиштата 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на КОВИД-19.
Амбулантата за прегледи на педијатриските пациенти во болницата Козле се наоѓа во самиот оддел во црвена зона каде се хоспитализирани пациентите соКОВИД - 19, што само говори дека Здравствените власти лошо менаџираат со
системот и создаваат дополнителна опасност.
Лица со најтешки облици на болести се доведуваат во опасност од контакт со заразени со корона.
И за сето ова властите не гледаат вина во себе, туку виновни се граѓаните.
Затоа предлагаме Владата и Министерството за здравство, да овозможат и организираат, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат.
Дополнително бараме да се ослободат од работа хронично болните и сите останати ранливи категории граѓани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица