Македонија
18. March 2021 - 20:26

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се уште не знае кога ќе стигнат вакцини во Македонија

Венко Филипче шетајќи од телевизија на телевизија зборува за подготвеност на системот, за каква само тој знае, бидејќи никој друг не гледа дека е подготвен здравстевниот систем. Ама Филипче не знае прецизен датум кога ќе стигнат вакцини.

Додека сите земји вакцинираат против корона уште од декмеври минатата година или почетокот на оваа година во јануари, во Македонија има незначителни дози на вакцини.

И сега иако се најавени дека две пратки, од КОВАКС, една дека ќе стигне на 31 март и друга на 15 април, Филипче вели да оставиме простор, да го кажеме ова со резерва, може да има каснење на овие пратки?!

И кинските наводно ќе стигнеле до 31 март, ама и тоа било со резерва?!

Со каква леснотија Филипче кажува дека ништо не знае, или пак би можело да се каже и дека пак лаже!

Вистината е една, Македонија, поточно Филипче и Заев не успаеаја да постигнат ни еден директен договор за набавка на вакцини.

Вистина е дека Македонија котира високо на светската листа по починати од корона, а е на дно листата по вакцинирани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ