Македонија
14. March 2021 - 9:14

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да ги зголеми болничките капацитети, брка провизии

Се помалку слободни кревети во болниците, а Филипче наместо да ги зголеми болничките капацитети, брка провизии.

Македонија повторно руши рекорди по ново заболени, само вчера се регистрирани на над 1.000 нови случаи, болничките капацитети се преполнуваат, а власта немам никаков план како ќе се справи со новиот бран.

Една година сме во состојба на пандемија, а Филипче и Заев немаат ниту една нова инвестиција во здравството.

Во цел свет вакцинацијата веќе е во напредна фаза, соседна Србија вакцинираше 30 проценти од населението, а ние не само што немаме вакцини, туку немаме ниту болнички кревети и капацитети.

Филипче и Заев ја преспаа цела пандемија и системот е оставен само од себе да се справува, без никаква помош.

Нема никаков кризен менаџмент, ниту пак план за излез од кризата.

Пандемијата нема сама од себе да стивне, а Заев и Филипче ако не се способни да направат нешто требаше да си дадат оставки уште вчера.

Предоцна е и нема време за импровизации. Потребен е одговорен пристап и сериозни политики.

Оставки веднаш!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ