ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ги затвори граѓаните дома, а на пратеници им дозволува да се шетаат и да го сеат вирусот
Масовната вакцинација на населението во Македонија е само во изјавите и главата на Венко Филипче.
За каква масовна имунизација зборува Филипче кога вчера пристигнаа 10 илјади дози вакцини, а пријавени се повеќе од 160 илјади граѓани за вакцинација? Но, пиар-от и сликањето со вакцините не изостана. За Филипче е важен пиар-от, а не колку вакцини има.
И не само што не набавува доволна количина на вакцини, Филипче дозволува да се кршат протоколите за лицата заразени од корона.
Па така граѓаните ги затвора дома, ама кога станува збор за избрани функционери во конкретниов случај пратениците им дозволува да се шетаат и да го сеат вирусот.
И не само тоа! Филипче не ни изреагира, да каже барем дека се прекршени протоколите, па тоа се протоколи од надлежните власти со кои тој менаџира!
Ова покажува само едно дека личните и партиските интереси се над се!
За ова Филипче ќе одговара!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид