Македонија
13. February 2021 - 10:49

ВМРО-ДПМНЕ: Фајзер не им верува на Заев и Филипче и нема испорака на вакцините од Србија, затоа оставки веднаш

Првата пратка вакцини против корона на Фајзер која требаше да стигне од Србија е одложена. 

Производителот Фајзер вели нема проблем со донацијата која Србија треба да и ја даде на Македонија, спорна е испораката и безбедноста. Значи Фајзер не им верува на Зоран Заев и Венко Филипче. А, нема причина да не и верува на Србија која котира високо на светската листа по број на вакцинирани граѓани или вакцинирани се речиси 10 проценти од населението.

Заев лаже велејќи дека вакцини нема во Албанија и Босна и Херцеговина. Граѓаните во овие две земји веќе се вакцинираат.

Филипче лаже велејќи дека системот е целосно подготвен за процесот на вакцинација против корона. 

Ако беше подготвен системот, како што вели Филипче, ќе стигнеше и вакцината, ама не стигна. 

Бескрупулозните лаги на Заев и Филипче чинат здравје, чинат животи, чинат три илјади починати лица. 

Штетата што тие им ја нанесуваат на граѓаните е непроценлива. 

Сите вакцинираат веќе трет месец, а во Македонија нема вакцини ни на повидок. 

Вакви лаги, вакво дно, вакво поигрување и загрозување на здравјето на граѓаните не е видено!

Одговорност мора да има!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ