Македонија
16. September 2016 - 16:24

ВМРО-ДПМНЕ е против воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија

Гласно не од ВМРО-ДПМНЕ за идејата на Зоран Заев за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија. Од владејачката партија велат дека на тој начин се напаѓа Уставот и се влегува во опасен процес кој на крајот може да заврши со федерализација на Македонија

Димовски вели дека СДСМ во очај почнува да тргува со националните интереси. Според него, Заев соочен со слабиот рејтинг меѓу Македонците става на маса прашања за кои правилата се одамна утврдени.
Димовски вели дека СДСМ веќе подолг период заговара антимакедонска политика потсетувајќи на разговорите на Заев со албанската дијаспора за федерализација на Македонија, на Фрчковски за тоа Албанец да биде премиер и на Пендаровски, кој како што вели Димовски поддршка за избори бараше во Приштина а не во Македонија.

Димовски додава дека на народот силно ќе се спротивстави на оваа политика на СДСМ и на 11 декември, масовно ќе излезе на гласање, бидејќи како што вели, секој глас е важен за да ја зачуваме Македонија
Во СДСМ веќе втор ден не може да се добие некаков поопширен коментар околу изјавата на Заев за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија.

Последниот став на СДСМ по ова прашање, беше партиската реакција од пред неколку дена. Во неа, раководството на Бихаќка ги обвинува новинарите дека повторно, не разбрале што сакал да каже Заев.