-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Двоцифрена инфлација првпат во последните 30 години
-->
Инфлацијата во Македонија излезе од контрола заради неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ. Рекордна двоцифрена инфлација од 10,5%, како што немало во последните 30 години во државата.
Ненавременото справување со кризите, здравствената и енергетската, како и големиот раст на цените, донесе до тоа да Македонија биде рекордер по растење на инфлацијата.
Сиромаштијата е се поголема, а инфлацијата го изеде животниот стандард на граѓаните.
Додека цените на основните прехранбени продукти енормно растеше од 10 до 50%, цената на нафтата и електричната енергија се качија до плафон, платите на граѓаните останаа исти.
Граѓаните едвај го преживуваат месецот, а владата на СДСМ и ДУИ наместо помош за стопанството и граѓаните единствено мисли на криминални тендери, трошење на парите на граѓаните за непродуктивни работи и луксузирање на владините функционери.
Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за да се стави крај на погубните политики во економијата на оваа неспособна власт.
Граѓаните по победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори ќе добијат одговорна власт и посветена влада која ќе работи за заживување и ставање на здрави нозе економијата во државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел