Бизнис
13. January 2016 - 17:00

ВМРО-ДПМНЕ: Државните хартии од вредност ги воведе СДСМ во 2004 година

Кире Наумов и СДСМ уште еднаш добија нов и пожесток шамар од банките на кои се обидоа да им се мешаат во деловната политика. Се надеваме дека овој пат тие ќе ја научат лекцијата дека никаде во свет политичарите не смеат да се мешаат во деловните одлуки на банките и на фирмите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на Кире Наумов.  

- Државните хартии од вредност се инструмент за финансирање на буџетот кој го користат сите економии во светот. Аукциите се предвидени со буџетот, гласани во Собрание и се користат за финансирање на сите расходи на буџетот - за исплата на обврските за проекти, за поврат на ДДВ итн, стои во соопштението. 

Воедно, се наведува, дека државните хартии од вредност ги воведе самата СДСМ во 2004 година и оти Наумов и СДСМ уште еднаш се обиделе да ги оспорат одлуките кои самите ги донеле во нивно време, во обид по секоја цена да и' наштетат на македонската економија.

- Постои еден неспорен факт - и тоа не го кажуваме ние туку европската статистика ЕУРОСТАТ дека Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Тоа е затоа што оваа Влада води одговорни економски политики и дури до ден денес ги сервисира и долговите кои СДСМ ги остави. Затоа ВМРО-ДПМНЕ има 33,3 отсто рејтинг, а СДСМ има мизерни 14,7 отсто. Затоа СДСМ губи девет пати по ред на избори. Затоа СДСМ не ја добива довербата од народот. Бидејќи народот гледа и народот памети, се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.