ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во опасност кога со нејзин буџет директно управува Зоран Заев
Државата е во опасност кога со нејзиниот буџет директно управува аболиран криминалец како Зоран Заев.
Од денот кога аболицираниот Заев и неговата криминална банда ја превзедоа власта во Македонија граѓаните се се посиромашни и посиромашни, а македонската економија е во слободен пад. Цената за расипничкото трошење на народните пари ја плаќаат македонските граѓани.
На македонската економија црно и се пишува, сега откако Заев се самопрогласи за министер за финансии. Човек кој еднаш е аболициран за економски криминал, а вториот пат амнестиран од заробеното судство исто така за економски криминал не смее да му се дозволи да управува со државната каса.
Кланот Заеви, познат по матните зделки сега е еден чекор поблиску до парите на граѓаните, еден чекор поблиску до државниот буџет.
Криминалната банда на власт продолжува да ги манипулира граѓаните, со најавата дека ќе парите ќе се вратат кај граѓаните преку повратот на ДДВ. Откако две години безмилосно грабеа од државниот буџет преку криминални тендери, грантови и партиски вработувања, власта сега промовира мерка која за обичниот граѓанин нема да значи ништо.
Со повратот на ДДВ ќе неможе да се плати ниту сметка за струја, а не пак 500 евра како што ветуваше Заев.
Благодарение на повратот на ДДВ, според потрошувачката кошничка едно просечно четиричлено семејство ќе добие само 156 денари месечно или 1.872 денари во годината. Што значи дека на едно семејство ќе му бидат потребни 16 години за да ги добие назад 30–те илјади денари кои ги ветуваше Заев. Очигледно е дека од оваа мерка единствено корист ќе имаат најбогатите.
На македонските граѓани им се потребни вистински проекти и мерки, кои ќе го подобрат животниот стандард, на повеќе од 500 илјади граѓани кои живеат со еден оброк на ден им е доста од погубните политики на власта. Македонската економија, македонската држава може да се врати на вистинскиот пат, само кога Зоран Заев ќе си замине во политичка пензија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-
Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди