Македонија
8. April 2021 - 9:01

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку имаше хеликоптер овчарот Божиновски најверојатно ќе беше се уште жив

За овчарот Златко Божиновски немаше амбулантно возило  за да му се спаси живот, но за забава на Зоран Заев и Венко Филипче имаше хеликоптер?!Доколку имаше хеликоптер и Божиновски на време ќе беше пренесен во здравствена установа и наверојатно ќе беше жив.

Институциите и функционерите целосно незаинтересирани си ја префрлаат вината, одговорност за нив не постои.  И за смртта на овчарот Божиновски на крајот виновни ќе бидат службеници во институциите, а забеганоста на Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери од забава ќе биде амнестирана.

4.100 жртви од корона вирусот одат на совеста на Заев ии Филипче.

Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека дека треба да заминат од функциите по што ќе одговараат? Крвави се нивните раце и треба да одговараат за смртта и погромот во Македонија.

Забеганоста на Заев, Филипче, како и таа на Николовски Путерот кој среде пандемија замина на одмор во Дубаи, а Рашкоски во Мексиско треба и ќе биде казнета.  Мафија е кога во државата за рекет, за легални пасоши со лажен идентитет на нарко - босови одговораат службеници, а не главните криминалци сместени во политички фотелји. Мафијата мора да се соочи со одговорност.

Само така граѓаните ќе се спасат.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ