Македонија
21. јуни 2018 - 16:39

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот ќе значи и менување на химната и ревизија на учебниците

Опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинува дека власта со договорот за името прифатила и целосна  промена на учебниците, песните и ората македонски. Договорот забранува уптреба на придавката македонско што под прашалник ја доведуваат и химната на државата. ВМРО ДПМНЕ овој договор го смета за етноцид или акт на чистење  на цела нација .

 Прво, Зоран Заев прифати, а неговите пратеници изгласаа дека именката Македонија ќе биде избришана во Уставот.

    Второ, Зоран Заев прифати, а потоа неговите пратеници изгласаа дека се забранува секаква употреба на придавката македонска, македонско, македонски во сите форми од сите институции кои што имаат изданија и кои што добиваат пари од државата.

  Па како Зоране Заев го заштити идентитетот? Смее ли државата да издаде учебник во кој што ќе пишува Македонија? За што ќе учат децата? Ќе смеат ли децата, а воедно и сите граѓани да ја испеат химната „Денес над Македонија се раѓа“?

     Смее ли Ансамблот „Танец“, ако не знаеш Зоране создаден со одредба на македонската влада, да изигра македонско оро, и дома и во странство?

Опозициската партија го обвинува Заев дека овој договор е штетен и излегува од рамките на ОН и ги руши националните и државните позиции.

-             Во материјалите кои излегоа во јавноста јасно се гледа дека во 2008 година во текот на преговорите името на нацијата е македонско, а јазикот е македонски. Овде нема ни фусноти, ни коси црти ни дообјаснувања. Овие идентитетски прашања не биле дел од преговорите. Овие идентитетски прашања требало само во форма на забелешка да бидат административно презентирани до Советот за Безбедност од Генералниот Секретар каде ќе стои дека државата сама одлучува македонски да се користи како придавка за јазик на националноста.

            Националноста и јазикот беа издвојувана победа и апсолутно право, кое сега Зоран Заев со договорот го руши.

        -   Со договорот Заев Ципрас, оваа Влада само ги забетонирала грчките максималистички барања, кои не успеале да ги постигнат во привремената спогодба во 1995 година обвини ВМРО ДПМНЕ.