ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев тера криминал, Македонија има 15 пoмалку странски инвестиции од Србија, 5 пати помалку од Албанија
Додека Заев тера криминал, Македонија има 15 пoмалку странски инвестиции од Србија, 5 пати помалку од Албанија.
Во цела 2020 година во Македонија влегле само 274 милиони евра странски инвестиции, пари од кои дел се и реинвестиции на веќе постоечки капацитети. Наспроти тоа во истиот период во Србија влегле 3.44 милијарди евра странски директни инвестиции, или 15 пати повеќе од Македонија.
Србија има 3 пати повеќе население од Македонија и нормално е нивото на инвестиции да е поголемо од 2-4 пати, но во ситуација кога истото е 15 пати, тогаш е очигледно дека владата е дебакл.
Македонија е на дното на регионот по влез на странски инвестиции. Пред нас е и Црна Гора, која е три пати помала држава по население, а има дупло повеќе странски инвестиции во висина од 529 милиони долари.
Пред Македонија е и БИХ со 371 милиони евра странски директни инвестиции, а далеку пред нас се Хрватска со 1.3 милијарди евра и Албанија со 1.1 милијарда евра странски директни инвестиции.
Очајно ниското ниво ма странски инвестиции во земјата говори дека инвеститорите не и веруваат на владата, политичката состојба и економските политики кои ги води СДСМ.
Време е да ставиме крај на поделбите и лошите политики на Заев и СДСМ. Македонија за сите луѓе!
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација