Македонија
15. March 2019 - 19:56
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија за огромен непотизам во Општина Прилеп
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска обвинија за огромен непотизам во Општина Прилеп. Доставија список со 20-тина лица блиски роднини и пријатели на градоначалникот Илија Јованоски и други функционери на СДСМ кои биле вработени или унапредени на високи позиции во изминатава година и половина. Станува збор за вработувања и унапредувања како раководители на градинки, училишта, професори, високи позиции во локалната самоуправа и другите јавни претпријатија, но и државни установи како МВР, Македонски Шуми и други.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->