Македонија
28. May 2020 - 15:01

ВМРО-ДПМНЕ: Денес бројката од 38 новозаболени и 3 починати оди на нечистата совест на Зоран Заев, кој бара избори по секоја цена

Денес бројката од 38 новозаболени и 3 починати оди на нечистата совест на Зоран Заев, кој бара избори по секоја цена.

Бројот на жртви и новозаразени од Ковид-19 оди директно на совеста на Зоран Заев. Сите статистики покажуваат дека Македонија најлошо се справува во регионот. Зоран Заев сака избори каде наместо гласови ќе се бројат жртви од корона.

Ова е врвот на неговата некрофилска политика. Наместо изборен натпревар Заев посакува изборна кланица. Ова оди на совеста на Зоран Заев. Кај овој човек нема никаков разум ниту совест.

Еден од трите нови смртни случаи е медицинско лице. Фактот што бележиме умрени медицински лица говори за несериозниот однос на владата во изминативе 2 месеци.

ВМРО-ДПМНЕ апелираше за навремено опремување со заштитна опрема на медицинските лица, јавната администрација и луѓето во постојан контакт со поголем број на лица, но наместо на заштитна опрема Заев и СДСМ трошеа пари за набавка на скапи алкохоли, морска храна и мебел за владата.

Во ек на корона приоритет на Заев му беше личната комоција, а сега функцијата. Ништо се нема сменето. Зоран Заев и СДСМ размислуваат само за себе, а граѓаните се оставени сами на себе.