ВМРО-ДПМНЕ: Да не се злоупотребува за политички цели инцидентот во Клиничкиот центар
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот на Клиничкиот центар Скопје во кој изутрината со огнено оружје беше повреден лекар и побара сторителите да бидат соодветно санкционирани.
Преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите политички и општествени субјекти да го осудат настанот и да не го злоупотребуваат за политички цели.
- Истовремено бараме да престане инструираната политичка и медиумска хајка која неколку месеци по ред се води од страна на СДСМ и соросовите медиуми против медицинскиот персонал и здравствените установи, бидејќи на тој начин се генерализира и девалвира работата на здравствените работници. СДСМ и нивните медиуми треба да бидат свесни дека нивната црна кампања може да доведе до немили настани како денешниот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија истакнуваат дека се солидаризираат со лекарите и медицинскиот персонал и оти даваат поддршка за секоја иницијатива за подобрување на условите во кои ја вршат нивната благородна дејност.
- Остануваме силно посветени на унапредување на здравствениот систем во државата. Токму во тој сегмент се вложени над 100 милиони евра во нова опрема, уште 100 милиони евра во реконструкција и изградба на нови објекти, постојана едукација во странство на медицинскиот персонал, намалување на цените во здравството се со цел да се обезбеди поголем пристап до здравствените услуги, поголем квалитет и подобрени услови за работа, наведува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер