ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска во Судски совет е продолжена маша на Заев и потребно е веднаш да си поднесе оставка
Павлина Црвенковска нема никаков кредибилитет да го води Судскиот совет. Нејзиното именување е класичен пример за партизација на судската власт и инсталација на Зоран Заев.
Прво, таа не е ниту компетентна ниту квалитетна да одлучува за избор и разрешување на судии, од проста причина што нема ниту ден стаж како судија.
Второ, таа е докажан партиски кадар на СДСМ кој голем дел од кариерата бил шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на партијата на власт.
Трето, се поврзува со скандалозното пропаѓање на Еуростандард Банка, афера тешка стотици милиони евра во која оштетени се илјадници семејства. Имено нејзиниот сопруг, исто како и Заеви, зел кредит без соодветно покритие од Еуростандард банка, зел 1.6 милиони евра кои не ги вратил. Токму ваквите кредити ја пропаднаа банката и ги оставија илјадници семејства без своите заштеди и пари.
Сето ова покажува дека Павлина Црвенковска е типичен пулен на Зоран Заев кој по многу работи е идентичен како и менторот.
Со Павлина Црвенковска нема да има реформи во судството, туку по се изгледа продолжена маша на Заев и затоа потребно е веднаш да си поднесе оставка.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд