Македонија
7. February 2021 - 14:00

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години се предолг период за Македонија со најкоруптивниот режим на Зоран Заев

Премногу е да се остави Македонија уште четири години да биде водена од најкоруптивниот режим предводен од Зоран Заев, истакна портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со

изјавата на Заев дека треба да се прекине со барање за предвремени избори.

- Четиригодишен период со најкриминалната, најкопрумираната односно најкорумпираниот режим предводен од Зоран Заев е преголем период за да се остави таква катастрофа за Македонија, потенцираше Стоилковски.

Тој нагласи дека Зоран Заев го нема владејачкото мнозинство, што се докажа при гласањето на интерпелацијата за Димитров каде на власта и недостигаа 7 пратеници.

- Тоа го докажа и гласањето на интерпелацијата за Никола Димитров. Зоран Заев мора да одговори каде се 7 негови пратеници да гласаат за Никола Димитров или да одговори дали можеби Никола Димитров го пушта низ вода, изјави
Стоилковски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ