Македонија
27. October 2017 - 13:47

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на електричната енергија не е намалена

Цената на електричната енергија не е намалена. 

СДС повторно лаже и манипулира со граѓаните кога зборува дека ќе има намалување на цената на електрична енергија.

Граѓаните од нивните сметки за струја видоа дека цената што ја плаќаат за киловат час потрошена електрична енергија е иста како и претходниот месец.

Бидејќи СДС очевидно ги лаже граѓаните со популистички соопштенија веднаш треба да им одговори на јавноста за колку е намалена цената на електрична енергија.

Овој случај е само потврда дека СДС само ветува, а ништо не остварува.

Граѓаните внимателно следат и ќе ги казнат лагите и расипништвото на владата на СДС.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ