Македонија
30. јуни 2017 - 9:39

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на СЈО е елиминација на партијата за слабеење на државата

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение истакнува дека целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата.

- СЈО води политички процес, чија цел е политичка, а не правна, и притоа без да има какви било докази се води хајка против цела една партија. Стотина лица од клучните тела на ВМРО-ДПМНЕ се политички обвинети, без постоење докази, се наведува во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека СЈО се претворило во канцеларија на СДСМ.

- СЈО е алатка за присила врз ВМРО-ДПМНЕ затоа што цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, одолеа многу притисоци и закани. Во наредниот период секогаш кога ќе се појават теми за решавање на проблемот со името и договор со Грција, штетниот договор со Бугарија, редефинирање на државата, продажба на ЕЛЕМ, штетни и криминални договори, законот за јазици ќе стане тема и ќе се активира СЈО. Тоа е нивната димна завеса, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека брзо ќе дојде времето кога сите кои ги повредиле процедурите, законите и нанеле зло, ќе одговараат за своето однесување.