ВМРО-ДПМНЕ: Целта на СДСМ е понижување на македонскиот народ
Нема поголемо понижување од тоа да се срамиш од сопствената химна и сопствената гарда, а да земаш плата од државата и од граѓаните чии интереси треба да застапуваш и браниш. Зоран Заев е човек без достоинство.
Зоран Заев ги прекрши сите протоколи при вчерашната посета на Алексис Ципрас со изоставувањето на македонската химна и игнорирањето на македонската гарда.
Зоран Заев изминатите две и пол години целосно ја обезличи државата. Зоран Заев откако се срамеше и плашеше да каже дека постои македонско малцинство во Грција кое говори македонски јазик сега се срами и плаши во Македонија да застане мирно пред химната.
Од тука логично е да се постават прашањата:
Дали Зоран Заев се срами од македонската химна или бил уценет од премиерот Ципрас да не ја интонира?
Дали Заев добил закани и кои биле заканите за да не смее да ја интонира македонската химна како што секогаш налагал протоколот кога доаѓале високи гости во земјава?
Дали химната е следна за промена од симболите кои ја претставува државата и државноста?
Заев спроведува политики на штета на македонскиот народ. Заев се откажа од се што е македонско. Зоран Заев го прекрши Уставот и законите на Република Македонија.
Во член 25 од Закон за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија јасно стои дека: Химната на Република Македонија се изведува:
1) при испраќање на претседателот на Републиката од Република Македонија во официјални посети на странски држави и при неговото враќање во Република Македонија;
2) при официјално доаѓање во Република Македонија, односно при испраќање од Република Македонија на претседател на држава, суверен или овластен претставник на меѓународна организација;
3) при полагање венци на воени гробишта, гробови на паднати борци и на други слични места од страна на официјалните претставници на Република Македонија и
4) во други случаи предвидени со закон.
Единствената цел на СДСМ, Пендаровски и Заев е понижување и омаловажување на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија. Затоа ова бесрамно однесување мора да прекине.
Граѓаните мора да стават крај на бесрамното однесување на Заев и неговата копија Пендаровски.
Претседателските избори на 21-ви април се референдум за граѓаните на Република Македонија за тоа во каква држава сакаат да живеат. Затоа граѓаните ќе изберат претседател кој што ќе се бори за зачувување и враќање на
достоинството, правдата и владеењето на Република Македонија, а тоа е можно само со Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана