ВМРО-ДПМНЕ: Брзи избори за излез од политичката криза
ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ја повтори оценката дека најдобриот начин за надминување на политичката криза е спроведување брзи избори.
- Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено и незадоволство од платформата на премиерот на Албанија, Рама од Тирана, негативните последици што се предизвикуваат од бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство. Воедно беше истакнат фактот за нарушување на принципот за коалицирање на „победник со победник" по изборите, стои во соопштението од партијата.
На средбата, Могерини јасно ги повторила изнесените ставови на Европската комисија за актуелните теми и области.
Освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на средбата со Федерика присуствуваа и Никола Попоски, Никола Тодоров, Владимир Ѓорчев, како и Александар Николоски.
Ново на Сител
-
Манчестер Јунајтед - Рома и Вилјареал – Арсенал во 1/2-финалето на Лига Европа
-
Талат Џафери закажа собраниска седница
-
Синдикатите го креваат гласот
-
Тема на денот: Кој ги почитува работничките права во време на пандемија?
-
Петтиот пакет мерки и денеска не доби место на дневниот ред во Собранието
-
Прекината седницата на советот во Центар, не одлучувале по планот за Ново Маало
-
КСС на протест со порака - Доста е!
-
Вучиќ направи увид во Торлак, првата испорака на српски „Спутник В“ во јуни