Македонија
27. October 2017 - 12:46

ВМРО-ДПМНЕ: Борис Георгиевски и СДС продолжуваат да ги манипулираат граѓаните на општина Гази Баба

Борис Георгиевски и СДС продолжуваат да ги манипулираат граѓаните на општина Гази Баба, СДС за 5 месеци власт нема инвестирано ниту денар во општината.

СДС во изминатиов период не направи ништо за општината, граѓаните знаат дека кога СДС ветува, всушност изборно манипулира.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба нуди реални проекти, нашите дела и реализирани проекти се доказ дека ветеното ќе биде исполнето.

Во програмата на кандидатот за градоначалник, Тони Трајковски, за населеното место Сингелиќ се предвидува асфалтирање на улици, изградба на атмосферска канализација, уредување на каналот низ Сингелиќ, уредување на фудбалскиот стадион и изградба на соблекувални на истиот, изградба на спортска сала во училиштето, како и изградба на нова градинка.

За жителите на населено место Инџиково исто така се предвидува бројни инвестиции, како изградба на нова индустриска зона, со која се планира привлекување на голем број на инвестиции, нова детска градинка, асфалтирање на улици, уредување на каналска мрежа, како и изградба на влез и излез на автопатот. Ова се реални проекти, кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните и се насочени кон подобрување на нивниот живот.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДС нема програма за општина Гази Баба, ниту јасно дефинирани цели. Граѓаните на Гази Баба видоа колку СДС мисли на нив и нивните потреби во изминативе пет месеци, во кои владата нема ставено камен на камен во општината.

Гази Баба и нејзините граѓани имаат потреба од луѓе кои работат и го остваруваат ветеното.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ