Македонија
11. December 2018 - 16:20

ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА, Алијансата на Албанците и ПЕИ ја презедоа власта во Советот на општина Дебар

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата, БЕСА и ПЕИ на Фијат Цаноски ја презема власта во општина Дебар.

На вчерашната седница, советниците на овие партии  со мнозинство гласови го избраа Еуѓен Цами од редовите на Алијансата за нов ВД градоначалник.  Тој доаѓа на местото на Ружди Љата од ДУИ кој по кратко боледување неодамна почина.

За ВМРО-ДПМНЕ коалицијата во Дебар е очекуван расплет по се она што се случува во Македонија.
 
Од ВМРО-ДПМНЕ нема коментар дали коалицијата во Дебар би можела да биде старт на една нова соработка која од локално би се префрлила и на централно ниво.
За ДУИ коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и албанските партии е политичка авантура.

„Граѓаните на општина Дебар ќе мора да бидаат трпеливи  до наредните предвремени локални избори во оваа општина, за да повторно изберат Градоначалник по сопствена волја и убедување и да ја совладаат коалицијата создадена  помеѓу малите опозициски парти од Албанскиот блок и ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани граѓани, политиката понекогаш ги надминува моралните стандарди, и согласно политичките агенди, понекогаш ќе мора да ја прифатиме и оваа неморална одлука на малите опозициски парти од Албанскиот блок и ВМРО-ДПМНЕ, во смртта на Ружди Лата да го пронајдат сопствениот политички успех.“ – стои во реакцијата на ДУИ.

Од општина Дебар велат дека предвремените избори за нов градоначалник поради намалување на трошоците ќе се одржат во ист ден со претседателските избори.