Македонија
17. March 2019 - 16:13

ВМРО-ДПМНЕ бара Шилегов да одговори кој ќе биде бизнис партнерот на градот за управување со отпад

Петар Припуз е човекот кој во Хрватска е гонет заедно со загребскиот градоначалник Милан Бандиќ за сериозни криминалии.

Партнерот на Петре Шилегов се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои што требало да му бидат добавувачи и никогаш не се утврдило дали навистина бил купен отпадот од негова страна односно дали физички стигнал до неговите фирми. 

Дали намерите на Петар Припуз и Петре Шилегов се да го преселат бизнисот на ЦИОС во Скопје и да реализираат сомнителни бизниси со овој најопасен отпад кој што ќе се увезува и рециклира тука во Скопје, а притоа никој не води сметка во државата колку таков опасен отпад е увезено?