Македонија
15. July 2019 - 16:24

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на законот за УНЕСКО

Владата итно да го повлече новиот Закон за заштита на Охридскиот регион што е доставен во Собранието, бараат од ВМРО ДПМНЕ. Велат дека освен УНЕСКО, властите ги излажале и експертите кои учествувале во изготвувањето на новото законско решение, бидејќи не биле вметнати најголем дел од експертските мислења.

УНЕСКО пред два месеци соопшти дека по речиси четири децении, загрозен е статусот на Охрид како заштитено подрачје, како резултат на неуспешното исполнување на нивните препораки од 2017 година.

Од организацијата информираа дека намалени нивоа и загадување на водата поради несоодветни системи за третман на отпадните води, тешки притисоци од туризмот, неконтролиран урбан развој и несоодветна експлоатација на крајбрежните зони, се главните фактори кои што имаат негативно влијание врз регионот.