Македонија
15. April 2019 - 16:11

ВМРО-ДПМНЕ бара Пендаровски да го исполни ветеното, нема одговор за навредливиот спот

Навредите, омаловажувањата по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон неговата противкандидатка Гордана Сиљановска Давкова, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Од партијата прстот го вперија во изборниот штаб на Пендаровски.

ВМРО ДПМНЕ очекуваат доследност во ставовите на Пендаровски за фер и коректна кампања, откако во претседателската дебата во емисијата Детектор на ТВ Сител, Пендаровски се заложи дека ќе бидат санкционирани сите кои од неговиот изборен штаб упатиле какви било навреди.

Галетановски во своја одбрана вели дека никогаш лично и со име не ја навредил Сиљановска Давкова. Во реакцијата дополнува дека и тој самиот е против водење на ниско ниво на кампања.

Од ВМРО – ДПМНЕ денеска не одговорија на прашањето зошто не е отстранет спотот за кандидатот од СДСМ, на која Пендаровски реагираше во истата емисија.