Македонија
10. February 2019 - 16:15

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за култура

Министерството за култура итно и неодложно да ја повлече целата Годишната програма за 2019 година, а не само дел од неа како што најави министерот Асаф Адеми, и поднесување на негова неотповиклива оставка од функцијата.

Ова го побараа од ВМРО ДПМНЕ, по реакциите во јавноста по објавениот конкурс за распределба на пари за проекти во културата.

Од партијата велат дека во Годишната програма постои сериозен сомнеж за криминал, бидејќи увидот во апликациите покажува дека неколку фирми се формирани непосредно пред објавувањето на конкурсот.

Од Министерството за култура велат дека се држат строго до законот. Тврдат дека најголемите фестивали имале некомплетна документација и токму тоа е главната причина да бидат одбиени

Од најголемата опозициска партија се соменеваат во ваквите тврдења, барајќи целосна транспарентност на процесот.

Од Министерството за култура сепак најавуваат дека ревидираниот конкурс ќе ги смири страстите во јавноста. Очекуваат во повторената постапка да бидат средени административните пречки, за најголемите настани од областа на културата да ги добијат потребните средства.