Македонија
19. November 2020 - 16:35

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност, СДСМ тврди дека ефикасно се справува со здравствените последици

Додека опозицијата обвинува за неспособност, власта тврди дека успешно се справува со здравствената, но и економска криза.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинуваат дека директорот на штипската болница е поставен за да го расветли случајот со починатата 41-годишна пациентка од Берово иако истата вечер тој бил дежурен. Наместо обид за прикривање на вистината, опозицикста партија бара итна оставка и од директорот на штипската болници и од министерот Филипче.

По принципот кадиja те тужи кадија те суди, Филипче го поставил директорот Георгијев да ја истражи смртта поради недостаток на кислород, иако тој според сведоштвата на многумина тој ден бил дежурен на инфективното одделение како лекар. Директорот на штипската болница и близок соработник на Филипче, Ален Георгијев одбива да ја каже вистината и очајно се труди да нѐ убеди дека случајот на 14.11.2020 година бил на работа попладне, сепак доказите и исказите на вработените го говорат спротивното. Имено, од статусот на девојчето од Берово, дознаваме дека е променета датата на смртта на нејзината мајка, што сугерира на криминално прикривање на дежурството на директорот, вели Иван Јораднов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ и денеска ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат мерките за носење маска и забраните за групирање, како единствен начин да се заштитат себе и да и помогнат на државата полесно да се справи со новиот бран заразени.

Состојбата со коронавирусот е сериозна. Есенскиот бран, како во нашата, така и во земјите од Европа доведе до зголемување на бројот на заболени и хоспитализирани. Сега е многу важно секој од нас доследно да ги почитува мерките за заштита за да го зачува сопственото, но и јавното здравје. Треба да се носи маска, да се држи дистанца, да се почитуваат мерките, за нашето здравје се работи.

Покрај ова Костовски вели дека се носат и навремени и ефикасни антикризни мерки се борат против негативните економски последици, преку реализација на  четвртиот пакет мерки во вкупна вредност од 470 милиони евра.