Македонија
14. September 2015 - 20:46

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од градоначалникот на Куманово за празните ветувања

11 прочистителни станици и 80 километри канализациона мрежа и понатака се сон за жителите на Куманово. Ветените проекти во предизборната кампања останаа само на хартија велат кумановчани. Револтирани од несериозноста на првиот човек на градот Дамјановски, побараа отчет за сработеното и одговор зошто ветувањата во предизборната кампања не се реализираа на терен.

Ивановски вели дека проектите кои беа ветени од страна на актуелниот градоначалник ќе значеа решавање на проблемите за најголем дел од жителите на градот. Според него несфатливо е како градоначалникот останува рамнодушен додека илјадници семејства не се приклучени на канализационата мрежа.