Македонија
5. јуни 2016 - 16:41

ВМРО-ДПМНЕ бара од Сорос и СДСМ да сопрат со деструкцијата

СДСМ и СОРОС мора да се откажат од насилстваа и деструкцијата и да престанат да ги малтретираат граѓаните велат од ВМРО ДПМНЕ.Македонија има капацитет и ќе го пронајде излезот од сегашната состојба уверуваат од партијата. Бараат од СДСМ наместо да ги држи граѓаните во заложништво,  за прв пат во својата историја да се обиде да направи програма и да понуди нешто конструктивно за сопствениот народ.

Од владејачката партија побараа од Заев и Шеќеринска да си поднесат неотповиклива оставка во партијата доколку не побараат поништување на аболицијата од претседателот Иванов за милионскиот криминал. Во спротивно доколку и натаму молчат и се кријат ВМРО ДПМНЕ ќе побараат од Јавното обвинителство да отпочне постапки за одземање на криминално стекнатиот имот.

Од владејачката партија велат дека нема да чекаат и да остават судбината на државата да зависи само од добрата волја на Зоран Заев  и структурите на СОРОС. Најавија дека ќе продолжат со исто темпо да работат на отворање нови работни места, реализација на проекти а ќе понудат и клучни реформи во областа на медиумите и правосудството согласно препораките на ЕК и Прибе.  Ѓорчев на прашањето дали ќе се формира експертска влада како што најавиле дел од помалите партии од опозицијата дека се во тек преговорите и до крајот на месецот треба да биде составена, вели ВМРО ДПМНЕ има програма и техничка влада ќе има кога СДСМ ќе собере храброст да излезе пред граѓаните и таа ќе биде формирана на  100 дена пред изборите.