Македонија
21. October 2020 - 16:44

ВМРО-ДПМНЕ бара нова Комисија за справување со Ковид-19 - власта одбива

Опозицијата ќе обезбеди кворум за седницата на која треба да се изгласаат владините мерки за заштита од Ковид 19, најавија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Народните избраници на оваа партија ќе бидат само присутни во собраниската салата, а за предлогот ќе гласаат воздражано. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ има и свој предлог за Законот за заштита на населението од заразни болести: не владата, туку независна Комисија што ќе ја избира Собранието да биде таа која за време на пандемија ќе носи мерки задолжителни за државните органи.

Оваа Комисија, според предлогот треба да брои 11 члена, од кои министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи да се членови по функција, додека останатите да се инфектолози, микробилози, епидмеиолози, имунолози и други стручни лица.

Според ВМРО-ДПМНЕ советодваната Комисија за заразни болести до сега ги политизирала мерките согласно потребите на влста или пак, била пасивна.

Власта го одби предлогот за независна Комисија како деструктивен. Барњето за свикиување на итна седница велат дека е политичка игра на опозицијата бидејќи токму на нејзино барање беше одложена вчершната седница за здравствените мерки.

Барањето за формирање на нова Комисија која ќе ја избира Собранието е само начин да се прикаже наводна грижа, смета и министерот за здравство Филипче.

„Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. Од почетокот на кризата, сите одлуки, препораки и мерки на Комисијата за заразни болести се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните. Уште еднаш повикувам на разум и одговорност, јавното здравје е над партиските интереси. Вирусот не чека, мерките мора да се донесат во најкус можен рок“, реагираше Филипче на Фејсбук.