Македонија
8. March 2018 - 16:34

ВМРО-ДПМНЕ бара морална и политичка одговорност од министерката Царовска

ВМРО-ДПМНЕ бара морална и политичка одговорност од министерката  за труд и социјала Царовска. Откако беше обелоденето дека 12-годишен штитеник на домот 25 мај бил пронајден на скопските улици после 6 месеци откако исчезнал од установата, опозицијата обвинува дека  Царовска не е способна да го води министерството кое треба да се грижи за најранливите категории на граѓани.

Зошто Царовска молчи и не дава одговори како е возможно штитеник на домот „25 мај“ 6 месеци да биде исчезнат? Дали Царовска и нејзиното министерство се обидуваат да ја потценат јавноста кога одговараат дека штитеникот 6 месеци бил кај својот чичко во Кавадарци, а вчера беше пронајден на скопските улици во Чаир? Зарем институциите 6 месеци не се обиделе да го побараат малолетниот штитеник кај најблиските роднини за да го вратат во Домот и да продолжат да се грижат за неговото воспитување и образование? Зарем за министерката Царовска е нормално едно малолетно дете да талка 6 месеци по улиците без да биде загрижена за тоа дали детето било злоупотребувано или злоставувано? вели Јулијана Димеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е трет скандал во домот 25 мај во изминатиот месец, откако претходно беше објавена веста дека 13 годишно девојче било силувано и абортирало, а бремени останале уште две малолетнички кои живелее во установата. Од морални причини досега се повлече првиот човек на заводот за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми, а двата случаи ги истражува и јавното обвинителство.