ВМРО-ДПМНЕ бара Мицковски да се обрати од собраниската говорница
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на денешното второ продолжение на собраниската седница на која се расправа за предлогот за уставни измени побара на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да му се овозможи да се обрати од собраниската говорница пред пратениците и граѓаните.
Данев во процедурална забелешка го прочита барањето од ВМРО-ДПМНЕ доставено до претседателот на Собранието за да му се овозможи на Мицковски да се обрати од собраниската говорница.
На ова претседателот на Собранието Талат Џафери, повикувајќи се на Деловникот за работа, посочи дека нема деловничка можност да го овозможи тоа.
- Тоа не е до мојата волја. Нема услов и по кој основ би го поканил Христијан Мицковски да учествува во работата, рече Џафери, додавајќи дека не добил барање од никого.
Според Данев, и во минатото имало пракса да им се дозволи на одредени личности да се обратат во Собранието.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак