Македонија
17. January 2017 - 17:55

ВМРО-ДПМНЕ: Андреј Жерновски нема сработено ништо освен двете боемски улици

Андреј Жерновски е единствениот градоначалник кој нема ништо сработено во својот мандат, освен двете боемски улици од над 1.2 милиони евра, изјави денеска Јордан Ристевски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара од Жерновски да одговори до каде е гасификацијата на училиштата во Општина Центар која ја ветил и оти градинката со која се фалел, целата процедура, документација и финансии биле обезбедени од неговиот претходник. Меѓудругото, посочи дека Жерновски ќе биде запаметен од граѓаните како градоначалник кој уредил 370 метри улички и потрошил 1.2 милиони евра.

- Граѓаните ќе стават крај на ваквото расипничко работење на Андреј Жерновски. Граѓаните на Центар бараат одговорност за неработењето на Жерновски. Центарци на свој грб ја чувствуваат безидејноста и расипништвото на СДСМ, рече Ристевски.