ВМРО-ДПМНЕ: Ако 913 новозаразени и 24 починати во еден ден не се причина за оставка, тогаш Филипче е опериран од одговорност
Македонија со Филипче и Заев бележи црни рекорди. Последните биланси се 913 новозаразени и 24 мртви. Дури Филипче смислува хумористични видеа за социјални мрежи, 24 семејства изгубија свои блиски.
Ако ова не е причина Филипче да поднесе оставка, тогаш значи човекот е опериран од одговорност.
Македонија има најголема смртност во регионот и пошироко. Веројатно сме единствена земја во светот во која донирани тестови министерството за здравство им ги продава на граѓаните. Во Македонија здравството Филипче го колабираше достепен граѓаните со денови да чекаат за КОВИД тестирање, а хронично болните и оние со тешки болести не можат да добијат елементарна здравствена заштита затоа што здравствените власти не знаат да менаџираат со кризата.
Арогантноста, мангуплакот и ПР на Филипче не ја решаваат епидемијата. Народот нема никаква корист. Филипче и Заев ја водат Македонија кон пропаст, кон ломбардиско сценарио, а народот тоа го плаќа со своето здравје и своите животи.
Ново на Сител
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје