ВМРО-ДПМНЕ: 4 недели му требаат на Заев да смисли како да го спаси Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе
4 недели му требаа на Заев да смисли како да го спаси Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе.
4 недели Заев молчеше. 4 недели се переа од одговорност. За на крај да утврдат дека никој не е виновен.
Дури и да се земе како точна тезата на Заев дека кабелот е причината за пожарот Филипче и Хасани носат одговорност зошто употребиле високо запалив материјал од таканаречени ПУР панели, а не вградиле ПИР панели. Филипче и Хасани со вградување на ПУР панели во болницата и пресудиле уште кога ја поставиле.
Болницата изгоре, беше целосно пеплосана за 3 минути, а тоа не е време ниту за кое може еден човек да се евакуира, а не пак 14 луѓе.
Филипче и Хасани носат одговорност и зошто во тетовската болница не е искористен објектот на два спрата во рамки на болницата кој е од цврста градба и е празен, а се што требало е да се опреми со медицинска опрема и да биде спремен за пациенти, таму ниту ќе дошло до краток спој, ниту ќе изгорел објектот како чкорче кибрит.
Филипче и Хасани се виновни по сите основи, и оставката е најмалку што можат да направат.
Исто така очекуваме ЈО да не ги следи во линија тезите на Заев и да преземе активности кон првите луѓе во министерството.
Не смее 14 луѓе живи да горат, а за тоа никој да не е виновен. Одговорност мора да има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата