Македонија
15. May 2021 - 18:53

ВМРО-ДПМНЕ: 4 години нема ниту една инвестиција, Заев лажеше кога ветуваше сигурен откуп и високи откупни цени

4 години нема ниту една инвестиција во земјоделството. Земјоделците 4 години си го продаваат родот за џабе.
СДСМ и Заев ги ограбија и земјоделците, а сега ќе им ја земе и земјата за да отиде во рацете на Вице и останатите моќници кои се богатат на грбот на напатениот народ.

Земјата ќе ја распродаваат за багатела, а вистинските земјоделци ќе треба да им се кираџии на моќниците од власта.

Заев лажеше кога ветуваше сигурен откуп и високи откупни цени, лаже и сега кога ветува инвестиции во откупни пунктови.

4 години јаболките пливаат во Преспанско езеро, за сега на пет месеци пред избори Заев да лаже дека ќе изгради нешто.

Со години откако е СДСМ на власт праските, јаболките, зеленчукот, и се што произведоа земјоделците се продаде џабе, за парче леб, за гола егзистенција.

Тутунарите годинава го продаваа тутунот за килограм колку една кутија цигари. Мачно и јадно.

Народот не е со кратка меморија. Памети и гледа. А знае и да казни. Казната доаѓа на избори.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ