-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: 0% раст на БДП, 20% пад на градежништвото, цените растат, граѓаните ја чувствуваат економската стагнација
-->
Од партијата порачуваат дека десетици неистомисленици на Заев, меѓу кои лекари, уметници, режисери, актери и видни општествени дејци неосновано се влечат по судови и притвори, со цел приредување медиумски спектакл за дефокусирање на јавноста од економската катастрофа во режија на СДСМ.
Со СДСМ на власт корупцијата стана начин на работење и функционирање на државата. Милионските тендери во четири очи, преку кои милиони наместо во нови инвестиции завршуваат на приватни сметки стануваат наше секојдневие, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Коруптивниот начин на работа мора да запре. Граѓаните нема од свои пари да ги плаќаат бизнис шемите на власта додека милиони се испумпуваат од буџетот. Државата стагнира. Република Македонија под водство на СДСМ е на дното на Европа. 0% раст на БДП, 20% пад на градежништвото, цените растат, граѓаните ја чувствуваат економската стагнација. СДСМ нема ниту капацитет, ниту план за иднината на државата. Гледаме само бизнис коруптивни шеми, од кои профитираат неколку фамилии во врвот на власта. Додека се цеди буџетот на државата за приватни потреби, додека економијата тоне, а задолжувањето расте, власта ја дефокусира јавноста со монтиран кривичен прогон на десетина патриоти, за непречено да продолжи да ја урнисува државата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека десетици неистомисленици на Заев, меѓу кои лекари, уметници, режисери, актери и видни општествени дејци неосновано се влечат по судови и притвори, со цел приредување медиумски спектакл за дефокусирање на јавноста од економската катастрофа во режија на СДСМ.
-Случајот за кој се товарат е политичка конструкција и нема врска со правото. Овој случај е срам за правосудството и правниците, кои наместо по закон работат по нотите на Заев. Граѓаните ја гледаат деструктивноста на власта. Граѓаните гледаат дека правдата е загрозена, а правната држава деградирана. Република Македонија со СДСМ само тоне. Ова сценарио кое ја води државата во хаос мора да запре. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите