Џет-Сет
21. August 2017 - 21:20

Вложи многу пари за да биде секс бомба: Северина го оперираше носот, устата, забите, градите ... ама не признава!

Познатиот хрватски композитор Зринко Тутуќ намириса дека Северина би можела да стане нова ѕвезда кога во 1990 година победи на Загребскиот фестивал со нумерата „Склопи очи док музика свира“. Кога и се јавила на Северина и и понудул соработка се јавила нејзината мајка Ана и прашала „Дали навистина е оној Зринко или некој не зафркава?“.

Договорот го потпишаа во 1992 година. Тогаш за позајмени 4.000 марки сплитќанката го изнајми својот прв стан во Загреб, а денеска само за фустан плаќа и по 3.500 евра. Неодамна толку плати за еден Гучи фустан.

 

Освен тоа, корекцијата на усните со хијалуронска киселина која на лицето и го враќа младешкиот изглед плаќа по 400 евра. Во сплитскиот фризерски салон косата ја надоградила со екстензии.

Но, тоа е мала дел од она што Севе го има вложено за промена на својот изглед. Кога имала 17 години негувала погусти веѓи. Тогаш Севе немала полни усни како денес. За своите пластични операции никогаш не зборува. Призна дека го оперирала носот, но велеше, поради девијација на септумот.

Разликата е видлива и на забите на Севе. Имено, 1990 година не можела да се пофали со холивудска насмевка каква што има денеска. Многумина нагаѓаат дека Севе ги оперирала и градите. Најбујно деколте има во спотот „Отрове“, а во песната „Силикони“ ги провоцира поборничките на пластични операции.

Се пишуваше и дека сплиќанката имала и операција за затегнување на капаците. Во својот изглед инвестирала многу пари но и труд. За да го добие задникот со кој денеска се фали често се потела во теретана. 

Што се однесува до фризурата, пејачката сакала да експериментира. Иако последните недколку години е верна на смеќата боја и долгата коса, Севе порано беше русокоса, а имаше и кратка коса.