Свет
29. December 2017 - 13:09

Влошувањето на односите со САД - едно од најголемите разочарувања за Русија во 2017 година

Влошувањето на односите на Русија со САД е едно од најголемите разочарувања во 2017 година, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Односите меѓу Москва и Вашингтон се влошени до најниската точка од Студената војна по анексија  на Крим во 2014 година од страна на Русија,  и тврдењата за мешање на Москва во претседателските избори во САД во 2016 година.

Оваа година двете држави не престанаа да преземат една против друга одмазднички мерки, кои се движат од ограничувања за бројот на персонал во амбасадите до закони против медиуми кои се во државна сопственост.

На новинарско прашање, кои се најголемите разочарувања за Кремљ во 2017 година, Песков одговори дека влошувањето на односите со САД „сигурно" спаѓа меѓу нив.

Тој го повтори ставот на Русија, дека таа се стреми кон добри односи со САД, засновани на „взаемна доверба и почит".

- За танго треба двајца, истакна Песков.