Свет
25. November 2018 - 8:58

Влошена здравствената состојба на Роберт Мугабе

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе се наоѓа во лоша здравствена состојба и повеќе не може да се движи, потврди актуелниот шеф на државата Емерсон Мнангагва.

Тој истакна дека 94-годишниот Мугабе веќе два месеца се наоѓа в болница во Сингапур.

– Мугабе не може да се движи, но ние ќе продолжиме да се грижиме за него, нагласи Мнангагва, додавајќи дека неговиот претходник и ментор требало да се врати во земјата на 15 октомври, но неговата здравствена состојба не го дозволила тоа.

Се очекува поранешниот претседател да се врати во Зимбабве на 30 ноември.

Роберт Мугабе беше највозрасниот претседател во светот пред неговото драматично повлекување од функцијата минатата година под притисок на армијата.