Свет
18. September 2019 - 11:41

Влета со мерцедес во зградата на Трамп и седна на софата, необичен инцидент во Њујорк

Еден автомобил влета во главната сала на „Трамп Плаза“ во Њујорк, јавија американските медиуми, наведувајќи дека притоа полесно се повредени двајца минувачи и возач.

Во тој луксузен станбен објект во Њу Рошел американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство немаат престојувалиште, но тој е во нивна сопственост.

Локалната мрежа Еј Би Си пренесе дека возачот излегол од својот мерцедес и седнал на софата во главниот хол веднаш по упадот.

Немало ништо сомнително во упадот, соопшти полицијата од Њу Рошел за локалните медиуми.

Застапникот за имотот на Трамп не беше достапен за коментар, но со мејл испратен до Еј Би Си и се заблагодари на полицијата за брзата реакција.