Македонија
28. November 2016 - 13:45

Влажни коловози, слаб снег во Маврово и магла на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Слаб снег провејува во Маврово кој не се задржува на коловозот, а појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има на Стража и Пресека.

Како што соопштија од ЈП Македонија пат, во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Од Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.