Македонија
1. December 2016 - 8:53

Влажни коловози и одрони, АМСМ препорачува внимателно возење

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Според информација од РЦУК, денес, 01.12.2016, четврток, тунелот Катланово (Општина Петровец) ќе биде без електрична енергија од 08:45 до 14:30 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Во клисурите и усеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-М.Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

РАБОТИ НА ПАТ:

- ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102

- Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово - Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

- Ве известуваме дека на ден 13.09.2016 година од 12:00 часот врз основа на Барање број 03-260 од 07.09.2016 година од Синтек- Скопје, а во врска со Одобрение од Министерство за Транспорт и врски бр. 11-уп-119/4 од 09.08.2016 година за времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел Стража, извршена е времена измена на режимот на сообраќај на магистралниот пат А1, делница Велес- Катланово непосредно пред тунелот Стража каде за сообраќај е затворена левата (брзата) лента а сообраќајот се одвива по десната (бавната) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента. Обезбедувањето и регулирањето на сообраќајот е извршено во согласност со приложеното сообраќајно решение за времена измена на режимот на соораќајот со времено поставена сообраќајна сигнализација.

- Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен - Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои е предвидено да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа, на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента, за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

- Од градежната фирма Гранит известуваат дека на ден 20.06.2016 година (Понеделник) со почеток во 12:00 часот ќе се воспостави времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

- Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичево на 2 км пред планинскиот премин Стражa, поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

- На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

- Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

- Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год., 11-уп-134/4, на магистрален пат A3б/A4е, делница Кадрифаково - Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО се вршат геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

- Г. Д. Гранит А. Д. Скопје ОЕ – Нискоградба Исток врши реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица - Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

- Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

- Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

- Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово - наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на 25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Тел. (02)15-555