Македонија
16. January 2018 - 8:21

Влажен бран се спушта над Македонија - доаѓа и снегот

Времето тмурно, студено и врнежливо. Во крајните западни делови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди.

И во среда ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а температурата ќе се зголеми.

Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување со силен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег.