Влатко Ѓорчев се сретна со претседателот на Германија Штајнмаер и со пратеници во Бундестагот
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев како шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија при парламентарното Собрание на ОБСЕ учествува на годишното собрание во Берлин.
Во рамките на Собранието на ОБСЕ, Ѓорчев се сретнал со пратениците во германскиот Бундестаг Фолкмар Клајн (ЦДУ), Дорис Барнет (СПД), Михаел Линк (ФДП) и Андреј Хунко (Линке).
- Во своето обраќање на собранието во Бундестагот, Ѓорчев се осврна на политичкиот прогон во Македонија и политичките затвореници во Македонија, недостатокот од слобода во медиумите, лошите економски состојби во Македонија и повеќе други актуелни прашања, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие теми, како што наведува партијата, биле отворени и на билатералните средби и разговори кои ги одржал пратеникот Ѓорчев.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот