Loading Video...
Свет
23. February 2021 - 12:22

Властите во САД им оддадоа почит на починатите од коронавирус

Минута молк и запалени 500 свеќи на скалите на Белата куќа. На овој начин властите во САД им оддадоа почит на 500.000 Американци кои починале од вирусот корона. Претседателот Џо Бајден во своето обраќање истакна дека на овој начин се одбележува мрачен, ужасен момент, бидејќи повеќе Американци загинаа за една година од оваа пандемија отколку во Првата и Втората светска војна, но и Виетнам заедно. Истовремено информираше дека САД загубиле повеќе животи од овој вирус од која било друга нација во светот. Бајден ги повика Американците да продолжат да носат маски, да ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање и да примаат вакцини кога ќе дојде нивниот ред. 

Американската полиција ја уапси сопругата на поранешниот мексикански нарко бос Ел Чапо.

Ема Коронел е приведена на меѓународниот аеродром во Вашингтон поради сомнеж дека е вмешана во мрежа за дистрибуција на дрога. Таа денеска ќе излезе пред сојузен судија. Ел Чапо беше осуден во јуни 2019 година на казна доживотен затвор, откако беше прогласен за виновен по сите 10 обвиненија подигнати против него.

НАСА објави прво видео и аудио од слетувањето на Роверот на Марс. Инженерите на НАСА пуштија снимка од 60 секунди.

- Она што го слушате таму од 10 секунди е вистински удар на ветар на површината на Марс земен од микрофонот и испратен кај нас овде на Земјата, рече Дејв Груел, водечки инженер за системот за камери и микрофони. Леталото беше лансирано на 30 јули минатата година.  На површината на Марс слета во четвртокот и главната мисија треба да трае две години.