Loading Video...
Балкан
24. November 2018 - 17:24

Властите на северот од Косово повикуваат на воздржаност

Српскиот кризен штаб  на Косово им порачаа на своите сонародници да останат мирни и воздржани и да не пагаат на провокации. Ситуацијата е тензична по влегувањето нас пецијалците на Роса на северот и апсењето на четворицата Срби под сомнение дека се поврзани со убиството на Оливер Ивановик. Тие веднаш се префрлени во Приштина, , иако нивните адвокати бараат тие да бидат сослушани во Косвска Митровица каде пред релиси една годинае извршена ликвидацијата на српскиот политилар. Српската страна тврди дека се работи за провокација која  има  друга заднина.

Слична порака дојде и од српскиот министер за одбрана Алксандар Вулин кој одлуката на Приштина за 100 проценто зголемување на таксите за Србија, има за цел да се заплаши српското население на Косово , да се урне претседателот Вучиќ , како предуслов за признавање на косовската држава.

Од друга страна, приштинските медиуми тврдат дека  Белград почна  економски да му се одмаздува на Косово.   Се пренесува дека српските власти од деннес напладне ги запираат ковските шлепери  на  влегување и излегување на границите со Унгарија и Хрватска . Според овие наводи веќе се направени километраски колони на граничните премини, но официјална Приштина засега не дава никаци коментари во врска со овие информации.