Свет
22. јуни 2020 - 12:35

Властите на Јужна Кореја соопштија дека земјата е во екот на вториот бран на епидемијата

Јужнокорејските здравствени власти денеска за првпат соопштија дека се на средина на вториот бран на епидемијата на коронавирусот кој потекнува од празниците во мај.

Корејските центри за контрола и превенција на болести (КЦДЦ) претходно објавија дека првиот бран на епидемијата на коронавирусот во Јужна Кореја всушност никогаш не завршил.

Директорот на КЦДЦ Џеонг Еун-Кјеонг рече дека станало јасно оти празничниот викенд на почетокот на мај го означува почетокот на нов бран зарази, кои најмногу се појавија во поширокото подрачје на Сеул.