Македонија
22. July 2019 - 16:26

Власта во потрага по 2/3 мнозинство за новиот Закон за обвинителство, опозицијата го чека текстот на законот

Власта тргнува во потрага по 80 пратеници кои би го поддржале новиот закон за обвинителство, но до двотретинско мнозинство во парламентот тешко ќе се дојде.

На законот кој минатата недела го објави премиерот Зоран Заев забелешки стигнуваат од целата парламентарна опозиција, а без чии гласови законот не може да биде донесен.

Опозицијата негодува и на предлогот на Заев обвинителката Вилма Рускоска да го преземе новото обвинителство за организиран криминал и корупција.

Од опозоциката ВМРО- ДПМНЕ веќе се изјаснаа против.

За законот официјално не се изјаснуваат  8-те пратеници излезени од ВМРО-ДПМНЕ, но неофицијално тие се незадоволни и од законското решение и од тоа Рускоска да го води новото обвинителство. Најавуваат свои амандмани особено затоа што во законот немало прецизно решение што ќе се случува со предметите отворени по искеткот на мандатот на СЈО.

Од БЕСА велат дека се подготовени да разговараат за зкаонот, но прво да се одреди датум за предвремемни избори.

Официјално нема став од Алијансата на Алабаците која располага со тројца пратеници. Од партијата на Села пак, неофицијално бараат специјален обивнител – странец од држава членка на Европската унија.

Од владејчката ДУИ сметаат дека законот е добра основа за да се дојде до компромис меѓу парламентарните партии. Задоволни се од тоа како се трансформирало СЈО во државното обивнителство. За предлогот на Заев обвинителката Рускоска да го прземе новото обвинителство велат дека тоа не е работа ниту на Владата ниту на парламентот, туку дека според законот кадровските решенија ги носи Советот на обивнители.

И покрај ваквите ставови во владејчката СДСМ се оптимисти дека законот ќе биде изгласан до крајот  на август за да биде нотиран од Европскиот совет во октомри.

Во Собранието се уште не е стигнат владиниот предлог. Се чека тој да помине на владина седница, по што треба да почне и парламентарната дебата за зкаонот за обвинителство.